Болести што ги предизвикува тироидната жлезда

Тироидната жлезда предизвикува повеќе болести, подолу прочитајте повеќе детали за истите!

 

Првата група на болести се однесува на функцијата на штитната жлезда – дали таа работи нормално, дали работи со зголемено темпо односно премногу и лачи преголеми количества на хормони, што не е добро и доколку не се лекува е смртоносно или, пак, лачи премалку што, исто така, не е добро и исто доколку не се лекува, не се препознае и трае подолго време  и завршува лошо.

Втората група на болести тука спаѓаат туморите на штитната жлезда коишто денес, за жал, се доста чести и уште потажно е тоа што најголемиот дел спаѓаат во групата на малигни или лоши болести на штитната жлезда. Мал дел од овие тумори се бенигни, односно не метастазираат и не завршуваат лошо.

Третата група на заболувања се таканаречените гушавости или струми, гуша, којашто денеска, за среќа, е многу поретка од порано бидејќи солта којашто ја користиме во секојдневната исхрана, готварската сол, се јодира по закон. И тој јод што го внесуваме е доволен за да спречи гушавост.

 

Се разбира, тоа не е единствена причина за гушавост има и други, но се поретки. Ова е најчестата – дефицитот на јод во исхраната доведува до зголемување на волуменот на штитната жлезда, односно до гушавост.

Уште една група болести на штитната жлезда тоа се воспаленијата, кои не се толку ретки. Најчестото хронично воспаление е таканаречениот Хашимото тиреоидит којшто е многу чест и кој бара терапија. Потоа следува субакутниот тиереоидит или декервен.

Што се однесува до дијагностиката на штитната жлезда, денеска главно се користат две методи  – на прво место е одредувањето на тироидниот и хипофизниот хормон ТСХ и ФТ4, по потреба и ФТ3. Второ е ехото на штитната жлезда, без кое не е можно да се утврди големината на жлездата, промените и, за среќа, со негова помош многу често доаѓаме до можноста лесно да ги увидиме и утврдиме промените во смисла на тумори и да исклучиме, односно лекуваме навреме малигни заболувања, што е преголема предност.

После ехото доколку се откријат промени во самата структура, форма, облик, често се прави и иглена биопсија каде што од одземениот материјал под микроскоп се одредува дали промените се од добар карактер или се, за жал, малигни и во тој случај се одредува идната терапија – дали ќе биде хируршка, зрачење итн. Во поретки случаи се користи и скен со технициум 99.