
Добредојдовте во приватната клиника ПЗУ „Проф.Д-р Богоев“
Приватната здравствена установа „Проф. Д-р Богоев” e основана во 2015 г. како врвна специјалистичка и субспецијалистичка организација која се занимава со дијагностика, третман и следење на состојби и заболувања од областа на интерната медицина, ендокринологијата и метаболните нарушувања.
Ординацијата е под контрола и надзор на Проф. Д-р Милчо Богоев, најстариот ендокринолог во Република Македонија, со најголемо искуство од областа на дијабетесот и ендокринологијата. Доц. Д-р Ксенија Богоева Костовска е доктор на науки, специјалист по интерна медицина, посебно насочена кон ендокринологијата.
Запознајте го нашиот тим
Ние сме тука за Вас!
Зошто клиентите нѐ избираат нас
Во ординацијата “Проф. Д-р Богоев” се извршуваат специјалистички прегледи и третман следниве болести и состојби:
• Лекување на шеќерна болест тип 1, тип 2, како и дијабетичните компликации
• Дијагноза и превенција на дијабетесот
• Дијагностика и следење на дијабетично стопало
• Едукација на болни од дијабетес преку курсеви и пишани препораки
• Водење на трудници со дијабетес
• Инсипиден дијабет
• Посебна едукација и превенција на дебелината
• Совети за диета
• Дијагностика на болестите на хипофизата (посебно нарушувања на секрецијата на пролактин, хормон на раст)
• Дијагностика и лекување на болестите на тироидеата
• Дијагностика на паратироидеите, како и нарушувања на метаболизмот на калциум
• Дијагностика и третман на болестите на надбубрежните жлезди (кора и медула)
• Нарушувања на функцијата на тестисите, како и генетски аномалии на полот
• Третман на остеопороза
• Полицистични јајници и влакнетост кај жени
• Подготовка на жени за оплодување и In Vitro инсеминација

