Симптоми за заболена тироидна жлезда

Симптомите и знаците за заболена тироидна жлезда ги делиме на две групи – едната се проблеми кога штитната жлезда е преактивна и втората кога е помалку активна.

Симптоми за хиперактивна тироидна жлезда:

На прво место е зголемената срцева акција, односно тахикардија, срцебиење, што е постојано и во текот на денот и во текот на ноќта, придружено со обилно потење и губиток на телесна тежина. Губитокот на тежина често пациентите не можат да го објаснат бидејќи тие го зголемуваат внесот на храна, односно имаат зголемен апетит, а тежината паѓа. Може да се јави и тресење на рацете, тремор. Се работи за ситно тресење за разлика од тресењето кај старите лица кое е крупно. Се јавуваат промени и на кожата таа е потна, црвена. Косата почнува да паѓа, кај жените изостанува менструацијата и кај одреден тип од овие заболувања на хиперфункција се јавуваат и очни промени, односно очните јаболка излегуваат надвор од очните дупки што стручно го означуваме како егзофталмус или испакнување на очите. Доколку болеста не се препознае и не се лекува таа се влошува, а доколку не се интервенира завршува смртно. Кај оваа група има промени и во однесувањето, луѓето стануваат нервозни, лесно доаѓаат во конфликт, сонот е дефицитарен.

Симптоми за помалку активна тироидна жлезда:

Симптомите од втората група на заболувања на штитната жлезда кога таа не работи доволно или не испорачува доволни количества на тироидни хормони се спротивни. Луѓето почнуваат да добиваат на тежина, отоци кои најчесто се изразени на лицето и тоа најмногу наутро. Отекуваат очните капаци, усните, потоа потколениците, а во запуштени случаи може да отече и стомакот. Се менува говорот, односно бојата на гласот кој станува пискав, старечки, од женски станува машки, непријатен за слушање и што е најважно зборувањето станува отежнато, односно многу помал број зборови во единица време може да се изговорат, се заборава и пациентите многу бавно зборуваат и тешко ги искажуваат мислите. Паралелно со ова се јавува и голема потреба од сон во текот на деноноќието. Луѓето најголемиот дел од денот го поминуваат во кревет затоа што немаат енергија да ги обавуваат секојдневните функции.
Oxandrolonos buy oxandrolone online – sports bodybuilding tren acetate for sale hcg 5000iu buy hcg online – sports bodybuilding.
Што се однесува со пулсот, во споредба со претходната група, станува бавен, спор и честопати може да направи и застој во пулсациите. Доколку се запуштат овие случаи тогаш добиваат облик на ’месечесто’ лице, се дебелат, влакната по телото се губат, кожата станува група, како слоновска и тогаш зборуваме за микс едем и тоа е краен стадиум на болеста.