Едно е сигурно: најтешко е да ослабете, но и ако ослабете, многу е тешко да ја задржите новата телесна тежина. Слабеењето не е само ваш проблем. Тој е и светски проблем, бидејќи бројот на натхранети лица во светот е во постојан пораст. Но и не е сеедно колку треба да ослабете.
За да ослабете колку што треба, потребно е да пресметате колку треба да изнесува вашата идеална тежина.
Вашата идеална телесна тежина наједноставно се пресметува на тој начин што од вашата висина ќе извадите 100.
На пример, ако сте високи 170 см, треба да сте идеално тешки: 170-100=70 кг. Се разбира, доколку сте постари од 50 години, кон оваа идеална тежина слободно може да додадете уште 10%.Но најдобро е според вашата телесна тежина и висина да се пресмета т.н. телесен индекс или БМИ.
Мерењето на телесната тежина треба да биде секојдневно. На тој начин, секогаш ќе имате увид во тоа дали правилно сте се хранеле, како и која храна најмногу ја зголемува вашата телесна тежина. И мерењето на телесната тежина спаѓа во методите на самоконтрола.
Запомнете: Дебелината е болест (според Светската здравствена организација)
Запомнете, исто така, дека нема ендокрина жлезда која е одговорна за дебелината.

За создавањето масти во организмот, виновни се вишокот калории внесени преку храната, што не се потребни за секојдневна потрошувачка. Ако внесете повеќе храна (калории) од потребното, вишокот калории се претвора во масти.
Само за пример да кажам дека со јадење на само еден бисквит дневно (на пример, со кафето) вашата телесна тежина ќе се покачи за цел килограм за енда година.
Затоа, во храната не смеете да внесувате заситени масни киселини, како и шеќери што брзо и целосно се ресорбираат (чисти шеќери). Честопати неконтролиран внес на калории настанува и преку земање големо количество засладени или високоенергетски течности, како што се соковите, алкохолот и сл. Храната треба да биде составена од незаситени масни иселини (растителни масла) и шеќери што воопшто не се ресорбираат или пак делуно се ресорбираат (целулоза, на пример), што ги има во растителната храна и во т.н. влакнеста храна (fibre).
Понатаму, треба редовно да ги земате оброците и не треба да јадете со прсти.
Секое слабеење од 5 кг за три до четири месеци е здраво. Наглото слабеење не е препорачливо, особено за вас, возрасните. Брзото слабеење најчесто доведува до брзо враќање на старата телесна тежина.