Штитната жлезда е една од најважните ендокрини жлезди во човековиот организам и таа е инкомпатибилна, значи без неа животот би бил инкомпатибилен – ова значи дека таа е животно важна. Сместена е во пределот на гркланот и од тие причини доколку видно е зголемена може да биде видлива и во тој случај зборуваме за гушавост или велиме дека пациентот има гуша. Штитната жлезда е мал орган, кој се состои од два дела или, ги нарекуваме, два лобуса, два резена кои се поврзани со еден централен, средишен дел. Нејзината е улога е во регулирање на метаболизмот, односно материите во организмот. Тоа значи дека без неа не може да се одвива прометот на материите во организмот, односно клетките не би можеле да работат правилно и да се снабдуваат со храна, односно не можат да ја регулираат енергијата која се ослободува со цел за да може да се обавуваат функциите во организмот, почнувајќи од мозочните функции, срцевата, функцијата на нервниот систем и на се друго во организмот.
Хормони кои ги лачи тироидната жлезда:
Штитната жлезда лачи два хормона, односно три од кои најважен е тироксинот и триотиронинот. Има уште еден хормон којшто е реверс Т3 и чија улога не е доволно позната. Денеска во рутината се одредува таканаречениот тироксин или слободен тироксин ФТ4, со којшто директно ја одредуваме функцијата на штитната жлезда – дали е нормална, дали е зголемена или намалена…

Штитната жлезда не функционира сама и таа е под управување, односно контрола на хипофизата, поточно на предниот резен од хипофизата. Предниот резен на хипофизата излачува хормон кој се означува како тиреостимулативен хормон или ТСХ, што директно ја контролира улогата на штитната жлезда, ова значи дека без тој хормон жлездата не може да функционира. Според ова, во клиничката пракса и во секојдневната пракса е потребно да се одредат двата хормона – ТСХ и слободниот тироксин, со цел да се контролира функцијата на штитната жлезда; Овие два хормони се неопходни за да ја видиме функцијата на штитната жлезда.
Нашиот тим е тука за да ви помогне да утврдите дали вашата тироидна жлезда функционира нормално.