Шеќерната болест предизвикува голем број на симптоми.
Основни симптоми на шеќерната болест се:
- Слабост и губење на работниот елан, честа желба за спиење и ослабнато паметење.
- Слабеење, што може да биде различно, т.е од губење неколку килограми за пократко време, до поизразено губење на телесната тежина често и покрај зголемениот апетит.
- Сушење на устата со чувство на сувост на грлото, што доведува до појава на жед и потреба од пиење на вода.
- Пиењето вода и мокрењето се постојани, па се нарушува и ноќниот мир.
Посебно внимание обрнете при зголемена жед, избегнете пиење на овошни сокови или газирани засладени пијалоци. Пијте само вода!
Други симптоми за шеќерната болест можат да бидат:
- Честа појава на гнојни мозолчиња по вратот, како и по други телови на телото кои не реагираат на вообичаената терапија.
- Црвенило со јадеж на половиот орган, што се влошува со миење со сапун и се повторува.
- Зголемен апетит за сите видови храна, и за слатки работи.
- Бавно зараснување на повредите, особено на раните што гнојат.
- Нарушување на видот.

Доколку се појават било кои од споменатите симптоми, особено при појава на повеќе од нив заедно, неопходно е да се консултирате со лекар.
Нашиот тим е тука за да ви помогне да утврдите дали овие симптоми со себе ја носат шеќерната болест.