Инсулинот како решение за дијабетесот

Инсулинот е единствениот природен лек што се употребува во лекувањето на шеќерната болест.

Инсулинската терапија е многу стара, повеќе од осум децении и медицината има богато искуство со инсулинот.

Начин и давање на инсулинот

Инсулинот се дава поткожно со мали игли, што денес се околу или под 1 см. Местата на давање на кожата се:

  • Надворешните страни на надлактиците;
  • Надворешните страни на натколениците;
  • Грбот меѓу двете плешки и
  • На стомакот под папокот.

Кристалниот инсулин може да се дава и во вена, само во болнички установи.

Денес инсулинот се пакува во т.н пенкала каде што со поместување на капакот се чита бројот на единиците што се инјектираат.

Колку порано поминете на инсулин, толку ќе биде подолг и поубав вашиот живот.

Нашиот тим е тука за вас, со цел да ги откриеме навремено сите симптоми за дијабетесот, воедно и навремено да почнеме со негово лекување.